Од Cosmo, 415 денари. Вака, самиот скраб има (за мене нова) уникатна структура, многу сув, како снег е, како преситен песок. Кога ќе го втриеш на кожата не се топи како некои скрабови туку останува додека не го измиеш, ама затоа што има преситна текстура не е воопшто груб, дури понежен е од оние шеќерни скрабови и ми одговара. Сега кожата ми е премазна и хидрирана како да имам крема (а немам), самото тоа хидрира. Ова можеше да биде продукт кој редовно ќе го користам да немаше толку неподнослив мирис!!!! Значи пишува дека мириса на бадеми и океј, мириса на нешто слатко, ама толку е силен мирисот што мозокот ми го на два расцепи!! Мириса силно како најјак машки парфем шприцан 10 пати. Мириса како кинеска продавница со 10 тона тазе пластика, ама во исто време се печат колачи. Не можам да го купам повторно. Мајка ми од ВЦ во дневна го намириса кога отворив врата, ама на неа и се свиѓаше можеби е прашање на вкус. Јас не можам пак да го купам.