Не ме држи за збор, но мислам да 115 ден. Кремата за раце уште не ми е пробана. Јас бев многу задоволна од оваа крема исто со алое вера, ама веќе во две ДМ барав и ја немаше.
Spoiler Јас го купив бидејќи беше доста фален на форумов .Мала хидратација , расчешлување и мирис заприметив јас кај овој производ . Веќе 4 месеци не го користам, многу почна да ми е сува . Незнам можеби ќе го вметнам пак во рутина. Јас го нанесував на мокра коса .
Млекото се става на мокра коса пребришана со крпа и не се плакне. За хидратација на влакното и полесно расчешлување. Но, ако ставате млеко подобро е да не ставате маска пред тоа бидејќи намените им се речиси идентични,а ефектот ист. После сушење косата е мека,мазна и има сјај. Јас го користам и мене ми е прекрасен.