2 сјајчиња за уста, 2 суќнички, нескафе фрапе, лак за нокти, прелив за коса, гел за туширање, десодоранс Нивеа фреш 48h.
Две маички, долга сукња, кафеави римјанки (фајнали ), крем сандалки на плута , мала чантичка за преку рамо, белезица
Ташна универзалка. Ми се виде убава за секој ден, плус и за во школо гледам ќе се најде . Си земав и патики, кинеска работа за 400 денари. Ептен се симпатични на изглед и лесни за носење, за квалитетот дополнително ќе пишувам . Во секој случај ќе се најдат. И волуменозен рачен саат си купив - му се радувам како на дете чоколада кога ќе му дадат .