Што чудо прави цицапластов на ла рош сите што сте го изнакупиле? @koritsaki ќе те тагнам тебе како професионалец на темата
Вака како за прв впечаток супер е. Ставив прееска кога ми стигна, за проба. 6 саати, 2 оброка и 3 кафиња подоцна уште стои. Не приметив отпечатоци на чаши воопшто. И посебно ми се допаѓа што си стои рамномерно нанесен на усни, обично долготрајни кармини знаат да ми се згрутчат и да истакнат сувост, овој засега добро се држи од тој аспект. Ќе видиме при подолготрајно носење како ќе се покаже.
За акни е, меѓутоа тој што го зела членката поназад е за раце. Навистина е добар продукт,моментално го користам тој со спф50 за тетоважата и ми е супер. Тој без спф го користев на одреден дел од телото и ми помогна.
Не знам како во спојлер да ставам слика, сум заборавила @Skorpija25 освежувачите од denk mit си ги пробала? Какви се?