Еве од мене кратка рецензија: Средството за чистење на бања многу ме потсетува на ajax bathroom средството и можам да ги ставам на исто рамниште. Нема некоја разлика во ефектот, а богами и во цената.Дури и мирисот ми е сличен. Е сега универзалната паста за чистење (во канче) мене искрено многу ми се допадна. Ми ја светна туш кабината, а со нејзе го чистев и садоперот во кујната кој што ми е метален. Остава некој убав сјај на површината, што го немам со друго средство постигнато, па дури ни со полирапид што ми е омилен. Не стигнав убаво да исчистам викендот и да ја пробам и за други намени за што ја купив, затоа, ќе направам слика пред и потоа на наредно чистење и баш ќе видам дали за тие некои делови што ништо живо досега не ми ги исчисти ќе биде ефикасна. Ќе постирам тука повторно.