Сега незнам за кој ептен мали новчаници мислиш, овој што си го купив беше намален, а имаше и вакви исти како овој по 850 Имаше некој попуст да, ама не беше некоја забележителна сума
Фустанот е од бутик "Бижутерија" и преубаво стои уз тело. Иако навидум изгледа долг, должината е над колена. Крем-гелот од Bereza Siberica е на акција во ДМ, 389 ден.
Хидратантен балсам за коса, така пишува со преводот позади на етикетата, ја регенератор си го викам. После миење на косата се става на врвовите да отстои некоја минута и се мие. Ја прави многу мека косата и убаво се расчешлува, не знам кое шише веќе по ред го користам. Имаат и од јагода за фарбана коса, тоа ми е многу поубаво, предобро мириса, но не можев да го најдам овој пат. Не е лошо и ова само тоа некако многу поинтензивно мириса. Мислам има и од банана, а може да има и уште некое. Зависи што останало и ќе најдеш, често не ги наоѓам сите.
Млекото за коса од Балеа од кој ДМ е? Никаде го нема овде во близина каде што сум била Се исплашив дека го нема веќе.