Ќе може ли од прилика да ми кажеш колку чинат прстениве? Сакам да купам ама немам појма како се движат, а никако не ме носи пад да се распрашам. И од Ск или Тр ги зема?
Јас овие во Тр ги земав, кај нас прашав дијамантски почнуваат од 450€ па нагоре. Во Тр може и доста поефтино да се најдат се зависи дали е 8к или 14к злато и нормално јачината на дијамантот. Доколку планираш почекај сега за Валентајн или 8 Март имаат добри попусти Инале општо златото сега прашав цените почнуваа од 33€ што е доста поефтино на пр од лани..
Тешко кај нас за 33€. Во турска чаршија има Zen златара. За Турција мислеше веројатно, што е и логично да е таму поефтино.
Не Турција.. таму цени им почнуваа од 33 до 45€ зависи која златара .. @buba4e89 Zen во Ист гејт, овие по чаршија не се веродостојни баш .. за чаршија Буши би ги препорачала
Како си задоволна од сувиот шампон? Го забележав во ДМ дека е поскап од другите па дали си ги вреди парите, овие од балеа некако не сум задоволна освен што мирисаат убаво.
Јас од Балеа не сум воопшто задоволна, Батисте се најдобри суви шампони , кој и да го земеш нема да згрешиш. Овој што го земав сега мириса убаво, свежо
Кај најде од Балеа суви шампони? Последно во тоа кај градски ѕид што бев, немаа ниеден од Балеа, само неколку Батисте останати, па морав таков да земам. Инаку мене добри ми се и двата. И убаво мирисаат сите.