@Iris-1234 Во понеделник нарачав, денес ми стигна. Не ми се веруваше Плус ми имаат пратено 3 подароци, мислев дека се тестери зошто и кога ја правев нарачката пишуваше бесплатен примерок ама се изненадив беа full size.
Кремата и маската се одлични чекам мислење да кажеш за ноќната крема и пената. Браво што ти имаат пратено 3 full size производи, јас зимата направив сметка од 3000 ден и ми пратија крема за лице на Chobs подарок , кога видов 6 дена беше пред истекување на рокот.
Истите се и десно Од веро ги купувам. Има и во ДМ од титаниа ластичиња ама конкретно вакви неам начекано.
Да, само шампонот е 7.2024, сите други 2025. @koritsaki јас баш ради тоа нарачав неколку производа да видам како ке биде со рок и дали ќе царинат. Околу 25 евра ми беше нарачката ама сум изненадена позитивно.