Извини, касно враќам. Од Дим ја земав ама ја има и во Зур и Рамстор. Не сум баш задоволна, ако имаш малце повеќе груба кожа не ја вади убаво и за брзо пак се враќа.
Ги има и во кам 22 ден. Ама ужасни се после едно носење се кине работ кај прстите. Значи не самиот материјал туку од таму каде што е шиено почнува една линија и оди нагоре. Јас се зезнав многу убаво ги начекав по 22 си реков евтини и земав десетина пара со наамера да сум мирна цела зима. Ама еве ни месец нема јас немам ниеден пар како што треба. Препорака имате за оние термо чорапките од Кипер. За 69 денари три пара, а стварно се дебели.