Еве три дена ја ставам и многу ми се свиѓа Лесно и убаво се размачкува и фино го изедначува тенот. Плус со висок spf, мислам дека ќе ми биде хит летово. Само те советувам, ако се решиш да ја пробаш прво побарај си тестер. Јас земав од најсветлата и мноооогу е светла. Може и ќе пројде вака, ама ако ми рече некој "што си толку бледа" ќе морам да земам од потемната нијанса и да ги мешам Едит: бонус е што иако е туба има пумпица
за каква кожа е и дали е покривна? (јас сум многу светла па ако можеш да ми дадеш споредба на нијансата спрема некоја од пудрите супер би било)
На линкот има повеќе информации за кремата. Инаку јас обично користам најсветлата нијанса и ова е посветла од било која што сум ја користела. Најдобро е да си побараш тестер. https://bebehome.mk/product/heimish-moringa-ceramide-bb-cream-spf-30-pa-21c-light-nude/
И јас сум многу светла и секогаш се плашам да не утнам нијанса. Сега баш бев во Бебе хоум и не прашав дали имаат тестери
@simoncelicius саксија мала е за кактус. Од Теди Германија 3 евра. Да свеќници се, исто од Теди и исто 3 евра сите 3.
Мислев на стаклената тегличка со капак. Ама најверојатно и таа е од таму. Сеа гледам шољичка сум напишала место тегличка
Извини не те разбрав. Таа е од XXXLUTZ 8 евра ја земав на 50% или 70% попуст. Уште пред месец дена ми беше нарачана.
Каде се наоѓа тоа Сфера кај нас? Барав на гугл локација, не ми излезе за во нашава држава дека го има.