Мене ми е преубав, го користам веќе 1 година. Со кој и да се измијам, утредента веќе ми е мрсна косата. Со овој помалку ми се мрси, ми го смирува скалпот и немам првут. А плус и ми се дозгусна косата.
Супер, ме убеди! Еј, значи само што те цитирав да те прашам за шампонот, нит отворив на друго место, нит прбарував, ете ти одма на Инстаграм ми излезе спонзорирано истиов шампон. Го мразам алгоритмов! Stalker
Само да знаеш, чисто онака да ти кажам. Кога почнав да го користам, ми се влоши ситуацијата со скалпот, но продолжив со него и после магично исчезна сè и се среди.