Никогаш не сум нарачувала од таму. Брзи се за достава? И замена како иде? Материјалите убави ли им се? Сега разгледав ми се свиѓаат некои па може ќе порачам
Доставата е од 3 до 10 дена за моделите што ги имаат во магацините. Новите модели се чекаат до 1 месец ама не сум нарачувала од тие. Нарачувам од тие што ги имаат затоа што на сите има димензии, па се водам по нив и до сега не сум имала потреба од замена. Иако велат дека замена прават за ист модел друг број или враќаат пари. Материјалите се океј, барем на овие парчиња што јас ги имам. Вработените им се многу љубезни и се трудат секогаш да излезат во пресрет со информации. Се на се задоволна сум.
Фармерките од Piazza Italia - 25€ нова колекција и бутиков ми е фејв за облека. Кремата за тело Ајрис многу убаво мириса едвај чекам да ја пробам. Заедно со скработ за тело и штипките се од Lucy makeup store, имав ваучер од 20€ па го искористив. Мирисот од лаванда - смешни 2€ од Пама. И траките за депилација се 1€ исто од Пама.