Тоа од Алверде е маслото од дива роза така? Во кој ДМ го најде? Вчера не успеав да го најдам во неколку каде што бев.
Да, тоа е. Не е од Скопје купено. Пиши им на ФБ ако имаш проблем да го најдеш, ќе ти кажат каде го имаат на залиха. Неколку пати сум прашувала, секогаш веднаш ми одговарале.
Како текстура ми се допаѓа, ја нанесувам после дневниот крем и многу брзо се впива, воопшто немам чувство дека имам подебел слој на лицето нанесено. За тоа колку си ја врши работата како фактор не можам да кажам, од кога ја имам купено само врне и не можам да проценам. Paula's Choice 'Super-Light Daily Wrinkle Defense SPF30' овој го имам користено на доста силно сонце и одлично си ја заврши работата, но е малку поскап