Точно така Материјалот е многу лесен и пријатен. Jас мислам ќе си ги носам и преку ден по дома летово.
Мене пак катастрофа ми е материјалот, ги имам истите и јас за низ дома си ги носам. Сите парчиња облека што му е составот на материјалот 95% полиестер и 5% еластин не ми се пријатни, кожата не диши и ми се мрси повеќе. @buba4e89 незнам други кој порачувале, нека пишат слободно.. Ме интересира вие што порачувате од Шеин дали имате вратено нешто ако не ви се допаѓа или не ви е бројчето погодено? Сум порачувала многу пати, ама до сега не сум пробала да вратам, знам само дека тие што се во flash sale неможеш да ги вратиш.
Вака, немам вратено продукт до сега ама чекам да ми стаса фустан.Па ќе ти пишам што како, оти до сега се ми е погодено панталони и папучи. Сега нарачав и сандали па ќе видиме.
Бубаче , чим висиш таму секој ден кажи ми како се движат цените, имам шеин тука одма во соседниот град па да знам дали да тркнам. На нет гледам многу убави работи имаат
Не ми се порачува од нет, пошо сакам на лице место да го видам материјалот и да го пробам. Ама воглавно не е скапо а ?