Маскара и карминче, ко бајаги за поклон, ама карминчето ќе си го задржам. Ќе купам друго за девојчето.
Ова денес се подновив, си купив прекрасни леопардски штикли-си ја остварив желбата. Си ги купив овие кафеавиве со нив есента да ја поминам И по пат ево маслинестово.Иако во живо е многу поубава зеленава боја. -си купив и накит ама тој попосле ќе го постирам
Темен кармин. Не знам зошто, почувствував ненормално голема потреба за бордо кармин кога поминував покрај шатци и решив дека ми треба нов кармин. И купив еден, од misslyn. Многу добар
Денес како мало дете во Џамбо се радував па купив стегачи за коса, плетено венче , потсетник и тетратка
- топло макијато - течна пудра Менхетен - двобојно руменило Флормар - голема, густа четка за камена пудра - шарено ремче за кутрето - свеќи за во црква - 300 gr маслинки И врти-сучи, отиде илјадарка