Сори шо улетувам ама ми се темни од маскиве. А глеам по некои носат низ град, оф бе аман, стварно изглеа пак почиња хоророт. Аиии лепота, овие јакни и лани ги имаше, меркав една ама немав среќа да ја начекам, сеа се скапички дека нова сезона. Топли ли крзното? Мислам, ама прашав, сред топол ден нема да осетиш дали топли или не, ама убаво е крзното внатре, баш зимска.
Да, таман да купам, ги немаше, изгледа ги повлекле, ама и мора да се праша, зошто еден фустан што го гледав на страната го немаше во Зара во бутикот, прашав, ми го донесоа, изгледа од магацин, и јакнава ја нема по бутиците, онлајн само. Имав слична ваква од Страдивариус цела зима ја носев, многу топлат од крзното. Е и јас мислев на попуст, ама нема, на јакни и капути ретко попуст има.
Абе имаше попуст баш на сличен модел, само пократок и тоа последната цена беше некои си неверојатни 649 ден. Да, не се зезам, толку беше последен пат онлајн, а намалувана неколку пати од скоро 4000 првична цена. Ама, никад не се појави за оваа нереалнава цена, тоа дали по едно бројче останало па може и си го зел некој, кој имал среќа или пак како што викаш, ги повлекле, а демек намалени толку. Си праат маркетиншки трикови.
Како јас да не видам хаха, па тоа џабе е, јас пратам попусти, ама сум пропуштила, елеците долги од кога ги чекав, 2490 беа и немаа попуст. Да, имаш право за маркетиншки трикови, комшика гледала некој фустан на попуст, таман да порача, немало на залиха, после неколку дена иста цена бил, без попуст. Или нешто гледам го има, одам таму, прашувам, немало, и после неколку дена ете го има, кој знае што прават. Сандали сред зима порачав 1290, после 1 недела 2490.
Да, за таа цена ја нудеа ама ти викам залиха немаше цело време, упорно стоеше аут оф сток. И за друга јакна исто криво ми е, тексас, фрлив 2590 пред неколку месеци, кога и таа за смешна цена ја имаше скоро.. Е тоа е, не може секогаш да искористиме, треба и други да искористат.
Епа кога има попусти, само неколку бројчиња се, или многу големи останато, фармерки последен број имам купено за 600 ден. од Зара.