Како крем капутот, црниот го купив денес. Кремот е исто сон, можно е за Новогодишните попусти да го купам и него. Ама пусто сега црн долг ми требаше. Странство живееш? Си собираш лајкови за попусти? P.S ќе ставам слика за кратко, да не сум off.
Јас по црниот отидов, ама кремот ми беше неодолив Во Скопје сум, што се лајкови за попусти? Јас имам Фешн Груп картичка, од се што ќе купам 5% враќаат на картичката и може да се користат за наредно купување (или да си ги собираш). И тоа не е лошо, доста продавници се, се собираат.
Не знам во Мк, како е, дали има. Едно време и јас мислам имав една црна Фешн Груп картичка, би требало тоа да функционира. Не се сеќавам како беше, мислам над 6000 ден. имаш нешто, 5% или 10%. Не ме фаќајте за збор, одамна во наше Манго не сум влегла. Тука на самата апликација собираш лајкови, 1000 лајкови, 5 евра попуст на следно купување. За да собереш 1000 лајкови, треба да потрошиш 100€. Лајкови се собираат и на др. начини, пр. чекирање во продавница, гратис 1000 л. за роденден, со самото скенирање на каса пред наплата, со рециклирање на стари парчиња гардероба. Пр. на капутов денес добив 2011 л. мислам. Можеш кога сакаш да ги употребиш, ама за употреба мора да се над 1000 л.
Дали производиве од Lush се земени од Македонија? Ме интересира за тој шампонот Squeak, го немам видено кај нас. Може ли да ми кажеш откако ќе го испробаш дали е добар, зошто според состојкиве ми изгледа сличен на Big, да не е овој замена? И за Snow Fairy пилингот ме интересира каков е.