На Лореал Бб кремата во Дм ли ја најде? Ја барам веќе некое време никаде ја нема. И дали има повеќе нијанси? И дали хидрира?
Може ли да ми кажеш од каде ги купуваш овие анис, кардамом, стапчиња цимет, и ова во ќесичката не знам што е? Јас вакво нешто единствено имам приметено во Охрид, имаат две турски продавници мислам во центарот, кај што продаваат десерти, сушени цветови, анис и слично најверојатно за чај. Два пати бев и не купив ништо, и сега сакам.
Бев во росамман да пазарувам и видов дека на лореал штандот е со 24%попуст. Имаше повеќе нијанси. На рака ја пробав од тестерот, делуваше хидратанта, така пишува и на опаковката. Јас сум со многу сува кожа па ќе ја носам со плус под нејзе. Прв пат ја купувам па ќе видам за целосен впечаток. Симни апп ако немаш веќе, убави купони има.
Јас ги купив од пазарот Буњаковец. Во првиот ред од страната на Дебар Маало, има една тезга со голем избор на зачини. Верувам дека и по другите пазари може да се најдат Едит: тоа во ќесичката е брусница