Не оксидира. Преубава е, имам и неколку други ама се од оваа ставам. Мене ептен ми е погодена, да беше со спф ќе беше идеална Јас од Космо ја земав, ама сега гледам дека е на убав попуст во еликсир. https://e-elixir.mk/shop/bourjois-healthy-mix-tinted-beautifier-cream/
@jarec6 се мислам дека Леа сум ја видела и во големиве маркетинг- Веро, Тинекс, Рамстор, Жито. Чисто ако имаш некој маркет успат , провери си.
Како ти се допаѓа шампонов? Мене преубаво,пресвежо ми мириса ама косата како неизмиена ми ја правеше. Баш ми е криво,зашто мирисот му е одличен.
Го користев и порано, за разлика од другите на Elseve по не ми ја мрси косата. Инаку во темата за масна коса ми пратија линк каде имало шампони на природна база во сити мол и ист гејт, бев пред некој ден во сити мол не можев да најдам. Не верувам дека постои шампон за мојава коса, какви не користев, џабе, пак ми се мрси, тие другите па многу сува ми ја прават, кај шатирана уште тоа ми фали.
Дека знам тие што пиеле такви за растење и против опсѓање на коса ги поправиле, порано пиев фитовал не ме поправија, а една другарка огромен стомак имаше од нив, се е до организмот. Овие се само за против опаѓање?