Дали џемперов го покрива задникот да може за со хеланки? Ми треба црн, ролка, со крупна плетка како овој, и подолг.
Па што знам. Имам два сјајни различна линија на овие малена и сум ги ставала и врз матот и секако матот ти ги пресушува устата. Уствари не постои мат а да не ти ги направи партал устата. Инаку мене воопшто не ми стојат цел ден како што викаш ти. Сосема просечно пазарско сјајче.
Порано користев едни други, прв пат користам Малена и цел ден ми стоеше, дури и вечерта кога избришав шминка и се измив имав уште. Па и не е баш сјај, сјајот е помрсен и свети, ова е мат, како течен кармин мат.
До пола задник некаде доаѓа, ама јас сум ниска ако тоа има удел, инаку јас го носам со хеланки и баш убаво стои. Сега е на 250 намален ако успееш да го начекаш, се појавува онлајн често достапен.
Да, неколку пати сум ги купила. Не се лоши, скработ е со нежни зрнца, а маската добро хидрира + убаво мириса. Не се нешто уау, не се ни лоши, просечно за производ од Балеа.