И јас оддамна ја користев и не ми беше убава. Покрива убаво ? Да земам да ја пробам и јас чинам во Космо беше на 15%
Немам проблематично лице, средно покривна е. Многу ми се допаѓа, веќе ги избегнувам оние мат пудри зошто по некое време ми се вовлекуваат во тенките линии, пори и сл и лицето изгледа многу лошо. И со прајмер истото е. Со оваа на Лореал нема такво нешто. Ја сетирам со пудра (моментално со Mac Blot- оваа не е воопшто покривна ама го матира лицето со часови) и е супер. Значи не е сјајна, ниту многу мат. И лесно се размачкува
И јас долго време ја меркав пред да начекам бројче чат пат уште се појавуваат по некои достапни големини. Убава е, и за комбинации со фармерки, а и за поелегантен изглед.