Од ГТЦ, 8800 денари. Ја има во Сити мол. https://www.monaonline.com/mk/p/zolta-stepuvana-kozna-tasnicka-3156434-4
И малку е таа цена за тие патики. А во 2022 може и под цена ги имаш земено, па сега ти е иста како редовна цена. Реално треба да се 40-45 евра. Затоа што од 2022 год, па и минималните плати се покачени.
Не знам ама модел реално што е 2 години веќе стар не може да држи иста цена. Јасно ми е дека се е покачено ама пак не ми е логично .
Не може ни да е на пола дека е стар модел. Затоа пак новите се се поскапи. Веќе нема под 100 евра нов модел, а порано беа 60 евра. И Ванс и Конверс се стар модел, па постојано растат со цена.
Секоја година одам по неколку пати во Солун, неделава што бев повторно имаше голем избор на патики од 30-40 евра Најк и Адидас што според мене за патики 2000-2500 денари е ок цена. Кај нас, патиките цената им отиде во плафон, да не зборам за спортската облека(тренерки,хеланки). Имаат повторно ок цени за патики и избор кој го немаше есента во септември.
Затоа облека не купувам од тука. Само Зара зошто на нет нарачувам океј ми е. Ама патики спортска облека или нешто ако ми е мерак од некоја марка да купам купувам или од Солун или од страни си нарачувам па роднини ќе ми ги испратат тука во Скопје.