Не, не се подобрија. Пишуваат додека да ти продадат, после нигде ги нема. Не дај боже замена за број да побараш
Јас еднаш пробав да нарачам и ме излажаа и буквално се откажав. Се случува грешка ама ова нивното што читам од такт ме вади, лугето разговори што ставаат од нив, да бевме во друга држава одамна клуч ќе имаа.. Па и кога ги читам со робата демек директно од Италија
Како па да не, прошле покрај Италија.. Завршив со нив одамна. Две - три работи ок, после тоа партали буквално, крпи прави. Не знам како може некои упорно од нив да порачуваат и да се задоволни, не сфаќам. А односот, катастрофален. Се чудам и како постојат уште.
Така, колку разговори имам со нив, крајно се неуслужливи и блокираат. Се лажев некако уште ова ќе порачам, и сега ќе видам интересно парче ама повеќе нема шанси да порачувам.
Материјалот не е квалитетен, ама реално за таа цена таков ќе биде. Добро е што има вакви цени за секој да си дозволи со оглед во какво време живееме ама она што го прават на лугето е срамота и греота. Кога читав една жена како ги моли да и вратат парите за скинатата јакна што и ја пратиле ми се згрозија. Мене па друго ме интересира, од каде набавуваат роба за на пример 2 фустани за 500 денари, за 700 - 2.Нешто матат ама којзнае што. Плус не им се исти цените со оние во дуќан.
Блокирај ги најубаво и мирна глава. Мајка ми ја имаат блокнато, ја неам фб. Толку дрски особи, стварно е чудно што уште продаваат. А уште почудно е што жени се лажат упорно. Мислам будала некој да те праи при памет.. А на овие кои им се свиѓаат партали ноу комент.. Демек различни вкусови, ок.. Шансите да се погоди нешто од кај нив е една во милиони. Ама ги изругавме. Само, кој не се изгорел, не верува. Ќе им речам само, не им дошол редот да ги заебат..
Па чим за таа цена ги продаваат, замисли за која цена ги набавуваат. Од Турција изглеа или па сами ги шијат у некој подрум.. Кој ги знае ама и по етикетата ќе видиш дека се работи за евтини партали. Италија као демек а? И како после да не се партали?? Точно, но односот фрустрира пред се. Ароганција левел 100 и навредувале и понижувале муштерии пази молимте.
Според мене не се ни турски, од Турција се наога квалитетна роба, им имам влегувано во дуќан, мислам лани беше, имаа едни наметки за плажа 2 за 600 ден, материјал немам зборови. Ова што велиш во некој подрум дека ги шијат истиот муабет и другарка ми, ми го кажа, оние што ги знаат сите се сомневаат на кој начин ги обезбедуваат.
Абе ок има и турско и турско, не се сите ствари ист квалитет. Овие се некој тежок шкарт и луѓе се лажат ради ниската цена и остануваат изиграни на крај. Не може да лажеме ние и антиреклама да им праиме, коа мал милион луѓе имаат измамено. Ова у случај некоја да проба да ги брани. Пошо многу се безобразни и таму по тие групите знам праќаа нивни луѓе као да ги фалат колку биле најјаки.. Праат некои глупости, да, се снаоѓаат. Или на кило ги купуваат за ич пари. И аматерски се познава дека е шиено, да не се праиме глупи со сила.
Јас па сум задоволна. Носам S величина, па се што сум нарачала Ѕ ми одговарало, ко за мене шиени (девојката што ја сликаат носи Ѕ исто така па репер ми е некако). Исто и стандард ми одговараат супер. Но ако некој носи М, Л...нема шанса да го собере, а пишуваат одговара и за М и Л и ХЛ (реално невозможно). За материјали јас секогаш прашувам. Се што имам нарачано е памук. И сум ги изнаносела работите не ми се скинало ништо до сега. Има убави работи, има и кич невиден, а натписите над секој пост се врв До сега еднаш ми утнаа број само, при што пишав за замена и немаше нормално, пошто продаваат за една недела све. Па пари ми вратија. И еднаш ми заборавиле нарачка, два фустана баш ми е криво до ден денес за нив. Што е и со Зарава луѓе, повеќето работи што ми се допаднаа полиестер. Порано вискоза и памук барем повеќе имаше
Дали е пријатен и убав материјалот за носење? Го гледав онлајн за нарачување ама квалитет на материјалот ме премислуват инаку многу е убав вака на слика.
Пријатен е, поставен е одоздола а одозгоре е тул. Се заљубив кога го видов. Јас го купив во Сити мол го има, така да можеш да одиш да си го пробаш
Мене ми е чудно што толку негативни коментари има за нив бидејќи баш напротив имам позитивно искуство а имам порачувано повеќе пати. Се било во ред до сега но секој со своето искуство, искрено за таа цена и да не ми се погоде по дома ќе го носам. Истите фустанчиња ги гледам и по другите бутици само со набилдана цена. Во однос ма материјалот тој со точките полиестер излезе а кошула фустанот за чудо вискоза. Веќе секаде се е полиестер и од Зара фустанчиња што сум сакала да порачам кога ќе погледнам материјал полиестер. Само од тој со риги имаше бројчиња. Белиот е стандард. Ластик има под градите ако си поголем број ќе ти биде точен, проблем би било ако си С величина ќе биде широк делот кај ластикот.