Да се надоврзам и јас, се што сум порачувала до сега од Сарита ми се погодило и бројче и исто било како на слика, само еднаш не ми доставија еден комплет, ми пишаа немало. Епа сега реално за таа цена и не се толку лоши, по локалниве бутици истите работи се дупло поскапи. Биле партали, а па во Зара еден квалитет ептен. Кога имаа попусти зимоска и бев да видам, исто како во Шутка да бев, се партали никакви, што би рекла една баба драцалници. Па на новата роба набиле цени мислиш златни се, затоа во Зара само на попуст, ама и тогаш па само неколку бројчиња ако останале. Е сега ако многу ми се допаѓа некој модел и да е скап би го купила, ама далеку се од квалитет. И уште нешто, во Мега Фешн аутлетот, една жена одамна кажа дека сите тие брендови ги шиеле во село Скудриње, и навистина така пишуваше на етикетите, сега не знам, не сум била. Па и во Зара ги шијат негде, нормално дека сите се шиени, сигурно не се шиени во некоја палата, туку во некој подрум.
Ја па не знам како сте толку задоволни еве стварно. Ко да се работи за различни онлајн продавници.. Или па, на некои им праќаат од поквалитетното на некои од парталите. Многу чудно е. Да се само две - три негативни искуства па да каеш до нас е ама превише се таквите. И ај неквалитетот на страна туку што се крајно безобразни. Таков однос со муштерии ни на сон не смеат да си дозволат. За Зара кој вика дека се квалитет? Преценети се они и не вредат за тие огромни цени. (за наш стандард) Поголемиот дел од работите од таму све на попуст ги иам начекано, буквално за ич пари. Сум имала среќа броеви да начекам. Ама еве спореди пример комплет сако и панталони од Зара со некоја имитација на комплет од тие локалните, или оние фб страните што глумат онлајн продавници па увиди ја разликата.
И во Зара има неквалитетен материјал, како ќе се погоди, и таму се е полиестер. Ама навистина за тие пари не вредат, многу набиле цени, барем да се поквалитетни, не дека не купувам од Зара, ама далеку од квалитетни се, зависи, и таму има различни. И јас во Зара сум купувала фармерки за 600 ден. и ми се погодиле.