Едвај чекам да ги пробам. Не памтам досега добар купечки сладолед од ф'стак (не го рачунам тој во Палма).
Баш прееска те помислив кога го ставав отсабајле. Да ти кажам искрено, воодушевена сум. Јас секогаш читам рецензии пред да нарачам, ама и за Токобо стикот читав супер рецензии, па врска немаат двата. Овој е нежен, не се осеќа на кожа, баш е мат, или подобро да се изразам како ништо да немаш на кожа, а слободно можеш слоеви да ставаш. Не ги затнува порите, не ме исфрла. Токобо на пр. уште од ставање ми се собираше на капаците најмногу. И општо тешко го чувствував. Дефинитивно супер производ е Бентон стикот.
Oo фала ти на review и препорака Го земам следно. Јас Биодерма скорп земав 50ка, ама тешка ми е, мислам бетер од пудра на лицево ја осеќам. Уште да ми кажеш од Мк дали го зема? Јас online по нашиве не можам да го најдам, т.е. никаде нема веќе залиха. И на Iherb барав, нема
Не, не е од Мк. Онлајн го нарачав од littlewonderland.nl. Офф, е да Мк летно време борба е стик спф да се најде. Ајде, ваљда ќе добијат залихи за скоро.