Океј, што е тоа Тему? Го кажуваш онака, а те прашаа дали не си од Мк. Сигурно не си. Прогуглав и видов дека е како АлиЕкспрес и дека нема достава до Македонија, така?
Без нервози Пола форум купува од таму и сметав дека го знаат сите Temu. Како АлиЕкспрес е, нема достава за Македонија.
Слушнав муабети дека не испраќале се и дека некогаш не стигнувале работите. Сакав да порачам лампа со созвездие, ја видов кај пријател дома многу убава, сепак другото ме премислува.
Имаме поназад пишувано конкретно за достава до Германија. Пратката стига за 2 недели максимум. Ми има стигнато и за 8 дена. Ако доцни два дена испораката од датумот што го предвиделе, ти даваат 5 евра гратис да ги искористиш за следна нарачка. А ако после тоа не ти стигне нарачката ти ги враќаат парите. Досега сум многу задоволна од нив, освен што за кратко време ја зголемија минималната сума за да можеш да направиш нарачка. Моментално мораш да имаш најмалку 25 евра нарачка.
Ќе се самоцитирам. Сега баш пробав да се депилирам, и тоа ситни влакненца имам, многу е подобар од Филипс тој што го имам, не ме ни пецка како што ме пецка Филипсот. Инаку така го купив, зошто изгледа сум го заборавила, знам го ставив во куфер и ми го нема депилаторот, па го купив овој, не ни барав, случајно мм го виде во маркет. И ми се допаѓа што се полни и не мора да барам штекери, имав еден таков од нет го порачав, многу беше добар, го користев со години, ама кабелчето од адаптерот ми се цвикна.
Кај нас стигнаат многу брзо, за една недела. Многу нарачки до сега имам направено и се ми стигнало, сум немала никаков проблем.