Супер, знам не очекувам од тоалетна вода голема трајност, башка и цената. Ама си викам да не е ептен ни до врата да не држи
Не, не, не е до толку. Се задржува некое време. Еве сеа баш го најдов празното шише дома и уште мириса. Интересен мирис е, а ти мислам си по слатките мириси, ќе ти се допадне.
Даа, мене многу убаво ми мириса Монои. А за тоалетната вода, лелее одамна немам таков убав мирис мириснато, значи цел ден ја мирисав тоалетната вода нежничка ми е, јас сакам такви мириси, летен мирис прв пат ги купувам производиве ама убав впечаток ми оставија. П.С и јас ќе барав помош...не знам која е тоалетната вода од повеќе мл што е, гледам он лајн, ама доста ги има од таа колекција и не можам да се снајдам. @Mrs. right ај да те замолам сликичка прати ми која е поточно тоалетнава.
@Cherry blossom89 тоалетната вода ја имав, од 100 мл е. Другово е спреј за тело, 125 мл. Претпоставувам послаба трајност има.
Не се разбравме изгледа јас тоалетна вода не земав од Монои, на сликата кај мене е лосион за тело и масло со светки ама имам мала тоалетна од evidence..за неа прашував која е поточно тоалетна ама од повеќе мл зошто повеќе се од истата колекција(evidence)
Мислев за Монои прашуваш. Сега видов си имала мини парфем Evidence, па според амбалажата треба да е овој. Го неам користено него, ама имав едни као тестерчиња од парфемите, беа во форма на нешто ко марамица, не беше течност како обично што се тестерите туку ваква и да, убаво мирисаше.
Не, за evidence. Ми се допадна многу па би си го купила парфемот. Моја грешка е што го пишав како тоалетна вода. И јас мислам дека тоа е поголемото шишенце. @DaisyDream види и тебе нешто да не те збунивме ако прашуваше за evidence парфемот, ете пишав мислење, а за тоалетната монои немам искуство
Ќе се убацам, јас 6 месеци го користам, преубав е. Не ме чешаат пазуви, убаво штити и долго ми трае некако. Му дадов шанса на Vichy зелениот, ама многу побрзо замирисував.
Добар е. Одамна не сум го купила, ама се надевам дека не е сменет. Тој без алуминиум го пробав кога бев трудна, не го бива. Кај мене Vichy добар се покажа против миризба, ама после некои 3 недели секојдневно користење почна да ме чеша ужасно под пазуви. Имам користено разни дезодоранси, стикови, рол-они, прв пат имам таква реакција.