@koritsaki те означувам дека ми рече да ти пишам од Ланкомот што ќе купам и впечатоци. Овој пат како да се разбравме некако, флуидот го купив, ама ми подвалија и некој серум за околу очи, па ќе си го користам и него. Инаку флуидот го пробав и презадоволна сум. Мини пакувањата сите се подарок.
Ти благодарам. Убава им е цела линија Hydra Zen, за секој тип на кожа имаат соодветен прозивод, кој и да се купи нема да се погреши .
Овој најновиот ли е на Филипс, 9 000 ден. Ако е тој сподели искуство. Многу реклами имаше за него како многу добар.
Не е најнов, околу 2.890 од Сетек. Ааа 9.000 не давам. Повеќе ја земав за кога ќе патувам, дека се склопува, идеална е за во куфер.
Пак да те потпрашам Дали ја проба пеглата, дали врши работа? Се мислам на пример дали би ми вршела работа за завеси. Откако ги закачам да поминам со неа.
Да ти кажам откако ми пиша ја пробав, еден фустан пробав да го испеглам, е сега не е лоша, врши работа, само да не се лажеме не е како другите пегли, и ваквите пегли сугурно тие поскапите може подобро пеглаат, најмногу ја земав дека се склопува за во куфер кога ќе одам на одмор. Можеби дека малку ставив вода да пробам само, заборавив да купам дестилирана вода, за завеси не знам дали ќе врши работа, имам само во спална и не ми се гужва. 1000 w е оваа, имаше и од повеќе. Едит: сега ставив во цел дозер вода и поубаво пегла.