Две полуролки и едно фустанче кое по десет минути ја натерав мајка ми да го врати пишманаџија Сега потрагата продолжува!
Eдно обично блузе за еври деј и едно најубаво чипкано (кое ќе претрпи промени, само да најдам време да ја средам) и тоа за ефтини пари. Конечно и јас да најдам нешто убаво низ Певекс, а да не биде глупост, огромен број или партал летен.
Тргнав по дебели хулахопки, и не знам зошто и како завршив со чанта, сукња, пантолони-хеланки и џемперче, ама битно - без хулахопки Значи не можам и не знам да се контролирам со купување. Особено ме фаќаат нагони за трошење после напорен и тежок работен ден, како во петокот кога ги изнакупив работиве Сега ќе свирам наредниве две недели, гуска