Од каде New Balance-от? Барав крем скроз, не најдов па земав со крем-бордо. Не се лоши ама крем сакам.
И јас крем скроз барав. Иначе од Космос, Солун ги зедов сега викендов. Се израдував кога ги видов боите.
130 eu, и имаше некој попуст викендов на некои бои од овој модел вклучувајќи ја и оваа - 90 и нешто евра беа.
Јас уште немам храброст обувки да нарачам онлајн. Мора да пробам прво. Ама прилично поефтино таму па, во Мк се најизгор. Највисок стандард имаме.
Која цена се отприлика маските и шампоните на Керастас во Грција? Туку некако претераа, пред две недели последно поскапување имаа.
19 евра шампонот од 250 мл го порачав од една фризерница , шампонот од 500мл чини 48 евра, од 1 литар околу 70 евра , маските од 250мл се движат околу 33-35 евра, од 500мл околу 65, регенераторите 27 евра. И јас како што ги гледав во Мк мислам поскапи се таму
Леле која разлика Шампоните тука се по 1850ден, маските се движат од 3250 до 3700ден. Регенераторите 2250 до 2500. Ужас.
Скоро се е поскапо во Мк од облека, до козметика, препарати за нега..јас ги гледав во Еликсир и Loreal professionel производите за нега на коса исто се доста поскапи него ли во Грција.