Во Германија е купен од Media Markt, од 950 на 800 евра го начекав намален. Одамна го меркав, сега му падна малку цената бидејќи излезе понов модел R50V (тој бил со повеќе фокус на видео, за видео контент креаторите наменет).
Да пријавам за вакум ќесиве, сега ги наполнив ама уште не сум ги вакумирала, конкретно овие што ги купив јас се огромни какошто ми требаа и ми собраа многу работи. Ги купив околу 150-180 денари една.
Па еднаш ставив од него, вчера прв пат и јас искрено не знам да кажам колку е траен. Јас никогаш не си го осеќам парфемот и цело време прскам на саат време или два не само за Јара туку општо зборам за сите. Споредбено со Еклер, влегувајќи во ДМ буквално ги гледав тие до мене како земаа воздух по ред бидејќи ме осеќаа како мирисам А Јара мене ми мириса пудресто благо на јагода и вчера пред да ставам од него се мачкав крем од кокос и комбинацијата беше пре до бра