Од Манго. Со Мантеко волна е, викендов беше на 20% попуст. Преубав е https://www.fashiongroup.com.mk/kaputi/821861-kaput Јакничката ја земав од Белград 4000 српски динари, што значи кај нас би била околу 2000 денари. Непланирано ја купив, пошто тргнав на пат со тексасче и мантил ама ја утепав од носење и моментално ми е омилена јакничка. Топла е и мекичка, ако ја начекаш, да си ја земеш ич не се мисли. Пижамите се од Primark, ташната од овде: https://www.fashiongroup.com.mk/canti/824865-canta Кратката јакничка од Синсеј, а се друго од Манго.
Овие се тенкички, ама во Primark имаш огромен избор на пижами, имаше секакви. Пред 5-6 години си имам купено поларни пижами од таму, ги изнаносев.
Јакната од Синсеј ја најдов кај нас, оваа на сликата е крем или кафеава ? До каде е должината одприлика?