И јас ги купив првите од Скечерс. Еден совет од мене, немој да ги носиш со темен тексас фармерки. Јас моите ги измастив на второ носење. Среќа ги однесов на чистење, но сепак се познава ако загледаш убаво, плус и јас дека знам па уште наоѓам кај биле дамките
Таа ја немам читано се уште. Мене Пиреј ми е една од највпечатливите книги што ги имам прочитано некогаш, па сакав и за новата дома да имам копија.
Го делам мислењето и за Пиреј. Штом ќе ја прочиташ Небеска мислам дека исто ќе се согласиш со мене. Воодушевена бев што книгата е пишувана според вистинска приказна, жената постоела, постоеле тие маки. Но моментите на соочување, начинот на преживување, неописливо со збор (за мене), тоа знаел да го стори само Петре.