Буквално само што ги купив прееска, не сум ги тестирала. На работа сум во кломпи, пак нема да знам дали неколку часа ако ги носиш се удобни. Чевли и слично носам само по пат до работа, и назад. Вака удобни личат на проба, лесни се, не чувствувам дека носам штикла, не се многу високи и убав пад имаат. Иначе имаат попуст , и тоа 60%.
Јас ги имам, можам да кажам дека се доста комотни. Сега се на попуст 60%. Ги имам носено на работа 8 часа, не сум имала никаков проблем
Ако прашуваш за градниците ок се, меки и не стегаат не осеќаш дека носиш прслук а од друга страна колку толку даваат потпора. Јас извесно време ги меркав пошто обичен прслук многу ми смета моментално, уште некој ден во 8ми месец влегувам па затоа реков ќе нарачам ќе ги пробам. Инаку 550 денари е еден, за нарачани 3 доставата е бесплатна.
Серумот на beauty of joseon дали е тој со ниацинамид? И дали е добар? Во план ми е да го земам тој и серумот со полжав
Како ги користиш овие deep vita C pads ? Никогаш не сум користела нешто вакво. А маската е топ, вчера ја пробав
Да тој е. Го ставив сабајлево и некако супер вау ефект имав, или пак сакав да верувам така. Пред тоа го користев исто од нивна фирма само тој со alpha arbutin и скоро цело шишенце ми е потрошено само океј ми е, не знам дали би го купила повторно. @koritsaki јас земам 4-5 и лепам на цело лице и така седам 4-5 мин и после се бришан си нив. Не знам дали се користат така ама океј ми е мене така.Маската не ја пробав, вечер можеби