Имам густа коса (две коси на мене буквално) и ни виткана ни права (на времето убава виткана имав, ама хромони лудила и хаос) Брзински сабајле се сушев, зошто се спремавме да шетнеме и ептен убаво ми ја исуши и брзо. Убав сјај има Да ја пробам неколку пати, со секој додаток и ќе пишам искуства во тие темите за електрични четки. Како и да е за разлика од Ровента Spoiler: и оваа ја имам е небо земја. Оваа е играче за Дајсонот А и Ревлонот оригинален го имам пробано од роднина позајмен.. и од него е далеку подобар. Прва проба денес, не жалам што сум го купила. Косава како во салон да сум ја средувала, сјае, волумен... најбитно ми е да не ја горам зошто си ја сакам најмногу од се И си ја растам, сакам убава здрава сјајна долга коса До сега сушев со 2200в фен (прво ја истегнував убаво права да е), па виткав со пегла.. што тоа е баш асално горење на секое.
Spoiler: Фенирана Ова е од многу брзо фенирање сабајле, во дневна.. со мало огледалце (дека маж и бебе спиеја во спална) Сакам фенирано, со мааалку свиткана доле... што ваљда го постигнав денес. Со тајмерот на апликацијата сеуште не сум уиграна... па ќе биде и тоа
Баш е лесна, брзо се впива, не е комедогена и масна, направена е за луѓе со проблематична кожа. Мене ми е препорачана од дерматолог и баш ми се погоди, ми ја зајакна кожната бариера што ја имав иритирано од користење киселини и ретинол.Ја користам веќе скоро една година.