Биди љубезна и одговори ми од каде ти тоа фино се снабди?! Нешто сум во расположение за таков шопинг,ама да бидам искрена не за дечко ми,туку за себе,чудо е долна облека како ми влијае на расположение.
павловичева маст,крем бекутан за лице,бекутан млеко за тело (цела бебешка колекција),нивеа хидратантна крема и орбит зелени
розев долен веш, ми се здосади некако од црн веќе, сакам нешто по розевко лакови за нокти, лилјаков, светло розев, бел и кремаст шминки Deborah кломлет со ташничка дигитрон
Па јас сум од Охрид и има намаление секаде, па и во бутиците за долна облека..Има еден бутик во Амамот (на крај) и од таму го купив корсетот и комплетот танга со градник, а подвезиците од “Триумф“. Корсетот беше 550, комплетот 340, а подвзиците 280.. Се на се, ме чинеше 1180 денари и ич не ми е криво што на тоа ги “фрлив“ тие пари, бидејќи и мене ми влијае долната облека на расположение, иако ги купував со “задни“ намери А последно што си купив...хаха..па случајно влегов во “Модатекс“ и налетав на еден единствен фустан со прекрасни пастелни бои..Кога му ја видов цената-299 денари останав само -ваква и додека трчав да ја фатам соблекувалната само се молев да ми е точен. Кај струкот ми е малку голем, но одлично стои со каиш-ластик, а може и да се стесни. Без мислење го зедов, прв пат ич да не му ја мислам