Не знам, уште го немам тестирано конкретно овој. Имам и друг на Диор, дали носот ми се навикна, јас не се осеќам, ама алиштата кога ќе отворам во плакар мирисаат доста интензивно. Продавачката ми рече дека овој би требало долго да мириса, за разлика од тој што го имам, иако овој па поефтин е. Ако лично ме прашуваш, не знам зошто фрлам пари, на точење парфемите подолго ми траат некако.
Па и јас се изнакупував оригинали…не знам што да кажам или јас имам преголеми очекување или стварно не се тоа тоа…
и јас купив машки sauvage, еднаш мириса како што треба друг пат не, некако не сум задоволен а верувам дека не е од тоа дека сум го навикнал на нос
Овој е преубав, совршен пролетен мирис, ама за жал трајноста не му е јака страна. За трајност - Lancome или Chanel парфем би ти препорачала.
Читав на таа тема, додуша ме интересираше зошто тестерите се поинтезивни од тоа да купиш нов парфем. Објаснувањето беше дека тие биле изложени долго време на оксидација, често се прскаат и на секое прскање влегува кислород, што практично е најголемата причина за јачината на самиот парфем. Решението е кога ќе го купиш, да прснеш неколку пати во воздух и да го оставиш неколку недели да созрее. Дополнително голем дел од состојките се заменети, што поради здравствени причини, што поради заштеда. А кога купуваш на точење, прашање е што купуваш, зашто сепак не го имаш оригиналот и не ги знаеш состојките. И се изнапрскав со десетици денес, два од тие уште ми мирисаат, ама појма немам кои се.