Плус неколку лакчиња од Голден роуз, во таквите продавници психијатар треба да си вработат некој кој ќе ти помогне да се справиш со желбата да не купиш се,абе сите лакчиња ги сакам сите до едно.И плус 160 долари за визата и денес официјално отиде цела плата, а се мачев 20 дена да не ја потрошам.До први официјално од воздух ќе живеам и ќе си се мачкам си креми.
Бело фустанче од Зара, камена пудра од Римел, Лекадол, лабело, влажни марамчиња и Твинго грепка (три пати по 40ден. ми паднаа )
^ Па доста ти се сукњи бре, си надополнила за розевата . И тоа дупло. Него, jас последно си купив прстенче - апаратче, со боцки алка и металик црн ремен.
Фалична паста за заби која беше последна и немаат и не можат ниту со друга од ист вид да ми ја заменат.
Преубава марама, шарена, совршена за пролет и една шаренка кошулка, исто така баш пролетна , со отвор на горниот дел на грбот Двете работи заедно во комбинација никако, ама одделно - hell yeah! И моливче за очи, чупалица и стик Dove
Е сакав наочари да си купам арно ама ликот ми е мал,а тие огромни и бев многу смешна,па се задоволив само со бурек со мевце,а демек ќе бев на диета