Преубави обетки кои што во Аб во трговски се 150ден а јас од Бит пазар истите за 50ден си ги земав. Лаков,бидејки хит ми е периодов оваква нежна бела боја.
Ми мирисаше на некој дамнешен, познат парфем кој веќе сум го користела. И отпосле ми текна дека е идентичeн со мирисот на Бон Бонс парфемот, оној розевиот со тиркизно капаче.
Два долги летни фустани, еден комблизон во минт боја (јас не го купив, од свекрвата ми е ) лосион за тело и лосион за целулит и сенки од авон
Тазе од денес, си се почастив: 1. Црвени балетанки (ах, од кога ги посакував ) 2. Темно зелена сукња во ламбада стил до колена 3. Тегет плисирана сукња до колена 4. Четири маички со различни дезени (за под сако кога одам на раб. или за со фармерки, кежуал за секој ден) 5. Крем/кафени панталони до глужд 6. Крема за зацврстување на задникот 7. Антицелулитна крема 8. Стик Dove 9. Фарба за коса Гарниер Еве како се троши пола плата во еден ден