Си изнакупив некои стварчиња... штикли 4 рамбовки 3 фустанчиња панталони со висок струк црни здолниште со видок струк кремасто чанта за на плажа...
Два пара обувки. Ко да немам! Шарените се од кинеска продавница, џабе. За 299 денари, и да се скинат по две носења, ми е гајле, ми одговараат на шесто комбинации Либето ми вика дека биле ко од тапет правени Црвените се од Ил Камино, тројно поскапи, мекани, машко - женскасти ама удобни ем мојски. Така си ги засакав, што одма ги исчукав напред. Важно е дека се прекрасни! Плус црн прслук, лакчиња за нокти и една мутава тегет марама, ми треба за на свадба место наметка.