Тренерки (долен и горен дел) и патики - Nike; Фармерки - Pull&Bear; Чизмиве од Страдивариус, подарок од либето за годишнина Чанта - Зара Кожена јакна обложена со крзно - Зара Прстен - P.S. Fashion Парфем - D&G Intense Новиот парфем на D&G Подарок од брат ми, ептен ми се допаѓа. Многу е јак и впечатлив, баш зимски парфем ама со нежна нота (ако има смисла ), мирисот трае со денови А баш пред да ми го даде брат ми го мириснав во Космо и се испозаљубив Не сум љубител на јаки парфеми воопшто, ама овој ме освои
Последно си купив гел за целулит 80 ден, кирколина чај за слабеење 50 ден, магнет 45 ден, Вотка од праска со 2 чашки мали 450 ден. Цените ви ги пишувам зошто се ова е купено во Врање, па чисто за споредба. Многу е поефтино таму, ама за наш стандард. Кафе еспресо , макијато со шлаг или без 30 ден, нескафе со вкус на ванила 50 ден.
Maичка со црно-бели пруги на 3/4 ракави и веднаш си ја пикнав во најзабутаниот дел од куферот, зашто ако ја види мајка ми ќе ме убие - оваа е незнамкојапоред ваква што ја купувам. Многу беше ефтина, морав мајче! После, си купив Клиндацин, шумливи таблети, Беналгин, четки за шминкање, памукчиња за вадење шминка, лабело и пакетче црни шноли.