Капут и чизми, сосема непланирано. Капут планирав уште пред еден месец ама не најдов по мојата замисла и денес случајно ме однесе дечко ми во една продавница кај што не верував дека ќе најдам и најдов, а чизмиве ги гледав во ГТЦ одамна уште, а денес случајно приметив дека се на попуст и си реков па ајде нека биде. Ми бил денот денес, кога планираш утепај се барајќи ако не ти е денот џабе.
Блуза-туника Springfield Течна пудра, маскара, фарба за коса Книга-Тајната на сопругот Спијание - Спорт(заедно со книгата на Ѓоковиќ)
Фустан што го носев за нова година, прекрасен скрос тесен црн, ептен ми го истакнува телото, со чипка на горниот дел над градите, фармерки и џемперче.
Каде и колку? Јас го барав списаниево, додуша не знаев како се вика точно, ми се смееа во продавнициве
Списанието (декемвриски број) заедно со книгата чини 200 денари. И јас едвај го најдов, во трафиката на улицата под средно фискултурно (на ќошот). Во многу трафики преварантиве ја имаа книгата посебно извадено со цена од 500 денари. Само да те информирам дека најголем дел од книгата е за безглутенската исхрана, но вреди да се има особено за таа цена. За книгата ќе пишам и во соодветната тема уште малку да ја читнам.
Јас ептен се потрудив да се ограничам вчера.. од Манго стигна нова колекција, преубави наочари за сонце си најдов, ама ќе ги чекам на попуст кога ќе бидат! Си купив тренерки сиви за по дома, од Нивеа одстранувач на шминка.. црн лак за нокти од glamorous shine (само еден слој е доволен).. и многу вкусна храна за цела недела..
Две наметки, блуза, две џемперчиња, маичка, кожна ташна и чизми, нови копчиња за капут, парфем, ноќна медицинска крема со уреа, кармин. Јадачките - вода Јана 5л, лосос, зачини, јогурт, кока кола, домаќински си купив пита со паричка , храна за домашни животињи, овошје, сушено овошје, семенки и това.