Само прстен Отидов желна за трошење на пари, а ништо од тоа што барав не си најдов, прстенов беше утешна награда иаку е предобар. Битно мајка ми е пресреќна А кога нема да имам пари се ќе си најдам што ми треба, ди ајрони...
Дома шом стигнам, одма дел од листата на мобилен бришам. Лакалут паста за заби, white and repair. Четка за миење заби со сребрени јони. (Оваа ми беше нарачана па ми стигнала). Конец за заби Johnson. Рексона стик. Шнолички и стегачи црни за коса. И последно, ама најубаво, патики со дискретна полна пета штикличка, црни со сиво.
Отидов по подарок за мајка ми за 8-ми март и завршив со следново: 1. Лореал Ревлиталифт серум за лице и серум за очи (ова за мајка ми); 2. Римел кармин од ДМ, намален на 150 денари, иако пред само неколку дена купив друг на Римел, од Кет Мос колекцијата (ама тогаш не беа намалени, се зафркнав, па сега морав да надоместам ); 3. Есте Лаудер Double Wear Stay in Place Makeup течна пудра ; 4. Маскара Макс Фактор 2000 калории (дома имам две други на Артдеко неотпакувани, ама пуст попуст, мора да се искористи ); 5. Комплет градник и килоти од Yeni Inci, турски бренд со продавница во Капитол. Again, мора да се искористи попуст од 50%, а ми ги пофалија дека квалитетни биле. И така, сега до следна плата ќе ме нема овде, а и низ продавниците
Хмм, многу е периодов..... Две пролетни јакнички (кожна и спортска), хеланка-панталона сиви, лакчиња за нокти, налепници за нокти, зацврстувач за нокти, парфем, кошула, фустан, штикли, црвен кармин баш како што сакам, пудра и плус шијам фустан за на свадба ако го сметаме и тој.