Блузон од Њујоркер, кармин од Кејт Мос колекцијата (кој не зема е прашање ), МУ намаз од лук и магдонос, Џејк бомбони од мандарина, нес кафе 2/1, тортиља чипс, 2 пакувања медени срца од портокал и цреша, Президент зденка од шунка и то би било то за данас.
Голем несесер за сите шминки и препарати за коса за патување. Лосион за лице од TianDe, и Маска за лице, од 42 билки од TianDe. Нов балсам за коса од женшен од TianDe. Никогаш нема да го сменам! Крема за раце, од плацента, TianDe. И за јадење, рибини прсти, конзерва парчиња туна, кечап, марула, млад кромид, немастен овошен јогурт и конзерва храна за кутрето.
Слушалки за телефон...повторно само не знам по кој пат купувам слушалки за телефон,само се кинат,се расипуваат.Си купив и хамбургер.
Коктел фустанче на Бланко од ЕвроАзија, книга од Топер, частев јадење и офишали ај ем броук. До следно штедење.