Види ги бе, стварно почнавте да ставате ваши слики од тоа што сте си купиле??? Ја си купив кремаста преубава ташка од PARFOIS (си ги нагласувам јаките марки) и црвен прслук од WOMAN SECRET, ама не ги сликам намерно за да се нервираат луѓево
Кафева јакничка , портокалово џемперче за мајка ми пудра боја, марама/шалче од H&M,четка за кармин и кабуки четка од Sephora и многу многу сувенири Само од јакната најдов слика.
@mims-89 моите претходни слики беа поставени чисто од сарказам, сигурно дека нема да продолжам на секое постирање тука да се малтретирам - да сликам од мобилен, па да префрлам слики во лаптоп за да му се докажувам на некој/а. Денеска си се почастив камена пудра Евелин и Дебора кармин.
Одамна ме немало на темата. Вчера го купив кремот од Нивеа ама одма почнав да го користам затоа малку е начнат плус пилинг сапун од козјо млеко кој не се наоѓа на сликата ама се надевам дека ќе ме верувате.
-Туника-Bershka -Крзнен елек-Stradivarius -Плетена циклама блуза- Bershka -Бела наметка-H&M -Кафеаво џемперче - H&M -L'oreal Carrese карминче -Manhattan duo сенка Слики за неверници немам
Нарачкиве денес ми стигнаа, а другото е од минатиот викенд: Од strawberrynet.com и iHerb: Две руменила на NARS (нијанси Madly и Luster); Oil free sheer color tinted moisturizer SPF 30, нијанса medium 1 - Stila; Руменило (нијанса rich rose), stippling brush четка и минерален прајмер за сенка - e.l.f.; Pure complexion facial sponge for sensitive skin - EcoTools. Фармерки и црни тесни панталони од Страдивариус; Сукња од Collezione; Mixa мицеларна вода за чувствителна кожа.
Тренерки црни Адидас , ама не се маркирани ( од поефтината варијанта ) и црвевен лак од малена не ми работи нешто гугл не можам да спуштам слики простете
3 ќебиња 2 перници 3 рамки за слики 2 навлаки за перници Чаршав со ластик Комплет постелнина Крпи за бањање (се од jysk) Домаќински ден
Еее жени ај доста се подбивате со тоа ми верувате,не ми верувате... Предлогот беше даден за поинтересно да биде а не кој лаже или не.Ајде кој како милува така нека си прави.На сите странски форуми ставаат слики.Како не ве мрзи ручекот,козметчкото катче и се останато да сликате ? Епа и ова требаше да биде слично на тие теми.
Џој постирањето слики тука воопшто не е проблем, кој не го мрзи супер нека си става, баш убаво. Него самата тема не е нагласена дека МОРА да се прикажува низ слики, за разлика од темите каде што целата поента се сликите. Вака испаѓа ко сеа да мораме да докажуваме дека не лажеме што купуваме па ајде ќе редиме слики како докази, заради некои членови тука што се побунија и многу е јасно зашто тоа беше потенцирано, не е баш као предлог. Како и да е се согласувам дека е поинтересно со наши слики, но не е задолжително на темава, кој како сака значи... Јас само се пошегував погоре
Ај и јас еден оф топик. Барем од интернет да се сликите и да не се купени да видиме нешто.. Вака сите купуваме фармерки , блузички, козметика..