Уууу колку ни била активна темава, а јас толку ретко ја отварам Денес цело сабајле тмурно времето, ти се чини секој момент ќе истури, па го влечкав секаде чадорот со мене. Излегувам од бутик - сонце пука! Абе кога ќе си купиш нешто со мерак, и 100 денари да е, ти се чини дека е бесценето Па ко ќе те огрее сонце и весели мисли, цел ден ти е убав. Јас денес се подновив со фустан: - радост број 1 зашто ми е за свадба каде сум во улога на старосватица - радост број 2 што си најдов бројче, иако го меркам од пред нова година - радост број 3 што се протнав во 38ца, а бев убедена дека ни 40ка не ме крпи (ептен сум се преценила ) И така, си го закачив на видно поле, да го гледам цел ден. И си се замислувам во матично кога ќе потпишувам. Абе радости
Не сакам да ставам слики и од храна бидејќи ако почнам и со слики од храната и такви некои ситници, ептен долги ќе бидат постовите- постојано нешто се пазарува. Armani Sensi.
Јас минатата есен купив бордо чанта и бев скептична, но испадна дека многу лесно се комбинира. Во црно бели комбинации освежува, со тексас облека одлично стои, мене најмногу кеф ми прави во тегет бели морнарски комбинации со блузички или кошучи со линии.
Првата плата ја искористив ептен квалитетно така да следнава листа ќе биде долга: - црно бел фустан од Манго - преубави крем окфордки со машничка - црно бела кошула - беж розево кошулче - бело кошулче - сино/сиво кошулче - Аура мат кармин 612 - пена за чистење лице - многу лакови за нокти - пудра за лице - масивно сребрено ланче - ланче со ситни бели бисери - Зара - фарби за коса - за сите најблиски подароци