Тренерки, џемперче долгичко така, паричник, и фарба за коса И до нова година не смеам да зинам за пари (ова по милионити пат ми го велат,ама пак попуштаат )
Пилинг за тело,крем за тело,купка,крем за раце-ова од Аvon,за после да завршам у парфимерија со парфем,пудра,крем за лице и лабело и се осетив дека треба да прекинам. И знам дека е многу,ама ми треба и нова пегла за коса,па се мислам како да измакнам сега пари и за тоа
си купив две џемперчиња. едното е долгичко за над хеланки таман, а другото е класично џемперче. Обожавам џемперчиња!
Чизми... кафеави со висока штикла а напред подигнати на платфома! задоволна сум и многу ми се допаѓаат!
Последно си купив малечко ташниче, толку малечко што ми го собира само мобилниот телефон (какво што сакав).