Млеково го немам сретнато во други продажни места, го купив во Ресен во продавницата Ангромаркет или Ангроплод не се сеќавам. Имаше три вида (бои): зелено, розево и кремасто, јас го земав розевото бидејќи само на него пишуваше каков мирис има - strawberry. Откако го отворив, сфатив дека не мириса на јагоди, туку на сладолед од шумско овошје, додека на сестра ми и мириса на детски мастики. Во секој случај, мириса преубаво! Хидратантноста е на задоволително ниво, мирисот трае прилично долго, јас сум во план да си ги земам и другите две. Цената е 182 денари