Алал да и е на маскарава за тие пари. Предобра е, трепките како вештачки ми ги прави. Единствена маана е што многу тешко ја вадам ама богами вреди. Ви се верува дека си најдов асален коректор за подочници? Многу добро се размачкува и не ми се собира под очи, плус ептен добро покрива. Многу сум задоволна Кремава е прекрасна. За комбинирана, мрсна и нормална кожа е и многу добро матира. Си ја користам за пред спиење и како подлога за шминка. Уште оддамна ви читав мислења на форумов за маслово и фала богу и јас си го земав. Презадоволна сум луѓе. Прво го пробав за белење на забите, на четката ставив малку и триев 2-3 минути и после најнормално со паста ги измив. Се забележува разлика за нијанса. И под очи го ставам за да ми ги намали подочниците и да ми ја омекне кожата зошто лупам триста коректори секој ден. Маслово си го прави своето.
Маскарава не памтам точно колку беше, дали 215, дали 270 врска си немам ама повеќе од 270 не е. Од DM ја земав. А кремата е 180 денари.
Лиги ми направи, сакав да прашам од каде се ама ми текна не си од тука Јас последно што купив беше мелена гранола. Ако обожавате јаткасти плодови ова е сон. Не сум пробала нешто вакво до сега
Дајзи навистина не те разбрав Мислам ако мислиш за хеланките и маичката ги зедов од бершка ги има на огромно намаление бидејки е крај сезона (инаку се многу скапи и со врвен квалитет), тука каде што сум во бершка имаат секогаш големи попусти незнам во македонија како фунционираат работите на бершка но пробај да видиш можеби има намаление. Инаку ова ќе пробам и јас да го најдам предобро ми изгледа.