Девојки малку ја мешате темава. @crimson има посебна тема за добиени подароци, и некои други членки ставаа слики од тоа што добиле за подарок не ми текнува кои, има посебна тема за тоа, тука ставаме работи што сме си ги купиле сами.
Ако ова си ти (мислам ланчето на тебе сликано ), морам да кажам косата ти е пре преубава. Срамежливо ќе замолам да ја споделиш нијансата на фарбата. Со здравје да го носиш бај д веј.
@mims-89 сама си го одбрав од нивната страна, а и е во замена за фотографии на блогот, не се дообјаснив зашто не ми текна дека може да е проблем. @Eli23 не сум јас, ама и мојата е слична нијанса, само не ми е фарбана, природно ми е таква.
Абе мене ми е сеедно кај што е поставено туку поентата ми беше да се активира и другата тема, нема врска јас секако уживам да гледам кој што си купува и што добива. Прејако е ланчево, сакам да видам како ќе го искомбинираш
Ти завидувам Јас сум исто природна плавуша, ама троа потемна, т.е. најтемната нијанса на плава. Затоа прашувам. Морам да ја објаснам врската на мојот одговор да не бидам оф топик. Последно што сум купила за себе.
Лола, каде си ти да напишеш рецензии во Омилени продукти на месецот? Фалат твоите постови, одамна ја немаш посетено таа тема.
@sesilija Прееска баш ја листав темата и ми текна дека многу долго немам пишано, утре пишувам @mims-89 од страдивариус, ептен се штосни